Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Сега се очекува каноското врачување на томосот да го стори Вселенскиот партијарх Вартоломеј, како прв меѓу еднаквите

Во Соборниот храм во Белград се одржа света архиерејска литургија на која служеа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот македонско-охридски г.г.Стефан. Порфириј на Стефан, како што јавуваат српските медиуми, му врачи томос за автокефалност на МПЦ-ОА.

Врачувањето беше проследено со аплауз.
По литургијата се обрати патријархот Порфириј.

-Денес по милоста Божја имаме можност да го крунисаме она што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството. Ова единство беше нарушено во еден период. Македонската црква, Охридската архиепископија има не само услови туку и потреба да се организира како автокефалната црква, а тоа е најдобриот можен начин и метод за живот на нашите православни браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку сослужувањето на литургијата во Скопје, денес го објавуваме и со документ кој се вика томос – рече Порфириј.

Сега се очекува каноското врачување на томосот да го стори Вселенскиот партијарх Вартоломеј, како прв меѓу еднаквите.

Фото: Принтскрин од видеото објавено на Танјуг