Под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, Либерално-демократската партија денеска ќе одржи осми конгрес за избор на партиски претседател што ќе го наследи досегашниот лидер Горан Милевски, кој партијата ја водеше од 2015 година.
Кандидат за лидер на ЛДП е Моника Зајкова, потпретседатека на партијата и пратеничка во актуелниот собраниски состав, која на конгресот ќе има свое претставување.
Од гостите од странство, поддржувачи на ЛДП, на конгресот ќе се обратат Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги, членка на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС.
Покрај делегатите, на конгресот ќе присуствуваат и гостите претставници на политичките партии од земјава и странство, како и соработници на ЛДП.