Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Многу топло време со температури до 40 степени Целзиусови се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.

Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурите ќе опаднат за неколку степени.