Со над 3.000 учесници, професионални спортисти, рекреативци, планинари, велосипедисти, оваа година забележан е рекорден број на учесници на спортска манифестација „Прв до врв“.
-Со стартот на велосипедистите од пред Музејот на Град Скопје, повеќе од 1.000 велосипедисти, во категорија на друмски велосипедизам, планински велосипедизам и возење електричен велосипед се натпреваруваа до врвот на Водно, а над 2.000 планинари со пешачење или планинско трчање ја завршија трката, информираат од Град Скопје.
Градот Скопје по 11-ти пат се придружи на здружението „Прв до врв“ во организацијата на најмасовната спортска манифестација на Водно.