ФОТО:Пискабеј/илустрација

Четириесет и четири годишен жител на струшкото село Велешта е приведен по напад на началникот на Полициската станица во Струга.
Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

– Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга, изјави Димоски.

А.Д., според него, е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна Димоски.