Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала, соопшти Министерството за надворешни работи.
– На средбата беше официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно – се вели во соопштението.
Како што информираат оттаму, во фокусот на разговорите биле можностите што директната авиолинија ги отвора за натамошно унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји.
– Министерот Муцунски оцени дека воспоставувањето на директната линија претставува конкретен резултат од активната економска дипломатија и заложбите за подобра меѓународна поврзаност. Воедно, беше истакната значајната улога на Амбасадата во Обединетите Арапски Емирати во остварувањето на оваа цел, преку посветена и континуирана работа во изминатиот период – соопшти МНР.


































