Фото: Пекселс/Архива/Илустрација

По добиената информација за осумчлено семејство, државјани на Македонија, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Каиро стапило во контакт со нив и добило потврда дека сите нејзини членови се во добра здравствена состојба, информираат од МНР.

-Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираме дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава. Во однос на четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија, информираме дека истите се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава – информираат од МНР.

Оттаму го повторуваат апелот доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Македонија во Каиро на телефон +201033615542 и е-мејл [email protected], Амбасадата на Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл [email protected]