Фото: МИА

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Од МНР информираат дека нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро, е во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација.

-Во нашето Дипломатско конзуларно претставништво во Каиро досега се пријавени само двајца наши државјани, кои се евакуирани и моментално се во камп во Маракеш, во добра состојба и утре вечер патуваат за Мадрид, се наведува во соопштението од МНР.

Од МНР ги повикуваат сите државјани на Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273 – 732.