Владата носи одлука за спојување на концесија, а министерот во таа иста Влада вели дека ќе биде денеска заедно со тие луѓе коишто протестираат. Ако не се согласува со таа одлука, може уште денеска поднесе оставка, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу денешниот протест против отворање на рудник во Иловица.
-Треба да знаат сите дека ова е ништо повеќе од обична владина бизнис зделка на ДУИ, ќе повторам, пред се, коишто се дел од овој проект и Владата на СДСМ. И замислете какво лицемерие, какви двојни стандарди, Владата носи одлука за спојување, а министерот во таа иста Влада вели ќе биде денеска заедно со тие луѓе коишто протестираат. Па ако не се согласува со таа одлука, може уште истиот денеска поднесе оставка. Зошто не поднесе оставка. Еве денес нека ја најави својата оставка, нека поднесе оставка и нека замине од политичката сцена ако не се согласува со политиките на Владата. Крајно лицемерие. Уште малку остана, месеци се во прашање, ќе ја ослободиме Македонија, а потоа она коешто е најважно е интересот на граѓаните и политичари коишто ќе бидат слуги на граѓаните – истакна Мицкоски по увидот на градежни активности на ул.„1-ви Мај“ во Демир Хисар коментирајќи ја вчерашната изјава на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
Одговарајќи на новинарско прашање околу солидарниот данок, Мицкоски нагласи дека дека ова не е солидарен данок, туку, како што посочи, ова е дополнителен „арач врз оние коишто се лојални граѓани во Македонија, а не за оние коишто не се лојални и коишто денеска се, главните творци на сивата економија во Македонија“.
-Шверцерски закон, којшто има за цел тие коишто се лојални граѓани, тие коишто плаќаат даноци и обврски кон државата да плаќаат повеќе, а да ги штити оние коишто не се лојални граѓани кон Македонија коишто онака до сега неги плаќаа своите обврски и даноците кон државата. Односно за едни оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот измеќар СДСМ е мајка, а за другите не е мајка, односно за едните има цел да ги штити, а за жал, другите има цел да продолжи да ги угнетува. И тоа сум убеден дека граѓаните го гледаат, го чувствуваат, и јасно ќе зборуваат на следните избори коишто за неколку месеци од денеска ќе се случат во Македонија. Постојат многу места во Македонија коишто се сива зона каде што нема фискални сметки, каде што луѓето се уште не добиваат фактури, туку плаќањето е исклучиво е во кеш – рече Мицкоски.