Никола Ѓурѓај / Фото: „Нова Македонија“

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, Македонското друштво „Илинден”  – Тирана денеска упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници.

– Дозволете ми во мое лично име и во име на друштвото и на македонско национално малцинство во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство, на сите Македонци каде и да се во светот и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица- стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Упатува желби за  добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина.

– Празнувањето на овој голем празник значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов, благодат, душевен мир, среќа и топлина во нашите семејства. Ваше Блаженство, Ви ги упатуваме изразите на нашето највисоко почитување – се наведува во честитката.

Се посочува дека негувајќи ја традицијата го славиме денот на Мајката и заштитничката, молитвеницата и закрилницата на сите христијани, следејќи ги начелата кои нè прават човечни и се извор на нашата духовна сила.