Фото: Маја Јаневска Илиева

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Попладне локално ќе има услови за појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, соопштија од Управата за хидромереоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 22 до максимални 40 степени.

Топлото време ќе продолжи и во наредните денови. Се очекува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност, а во делови од земјата температурите повторно ќе достигнуваат до 40 степени Целзиусови.

Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќта, што ќе придонесе за отежнати услови за разладување.

Во четврток и петок се очекува зголемена нестабилност, со услови за пороен дожд и грмежи на места.