Фото: Маја Јаневска-Илиева

Лекот „Трикафта“ е во државава од понеделникот, ова за „Макфакс“ го потврди претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.

– Лекот пристигна уште во понеделникот во земјава, но сѐ уште не e дистрибуиран до клиниките – вели Гаспар додавајќи дека се чека да се завршат административните процедури.

„Сега треба да поминат бирократските процедури“, додава тој.

Но, неофицијално, веќе в петок можеби пациентите ќе бидат повикани на Клиниката за пулмологија и на детската клиника за примање на самиот лек, како што истакнува Гаспар.

Тој информираше дека денеска имале средба со новиот министер за здравство и разговарале за идните активности.

– Запознаени се со сѐ, ќе ја тераме работата како што ја тераме досега – потенцира Гаспар.

Според најавите на надлежните, како што рече, 30 пациенти би требало да бидат опфатени со лекот до крајот на годината.