Зоран Ќосески/Фото: Фејсбук

Фотовест

Почесниот македонски конзул и долгогодишен активист во македонската заедница во Австралија, Зоран Ќосески, во име на македонскиот народ изрази сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора, во резиденцијата на гувернерот на Западна Австралија што се наоѓа во Перт.

Ќосески посочи дека за време на владеењето на Елизабета Втора дошло до зајакнување на пријателството помеѓу Комонвелтот, Западна Австралија и Македонија.