Фото:ЦУК/Илустрација

Кавадаречки пожарникари заминаа да помогнат при гаснење на пожарот во Неготинско, информираа попладнево од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

– Во пожарот што го зафати просторот близу неготинското село Пепелиште,  интервенираат и пожарникари од ТППЕ Кавадарци. Со три возила, шест пожарникари и цистерна од ЈП ,,Комуналец” Кавадарци, се помага во гаснење на големиот пожар, се додека истиот не се стави под контрола – соопштија од Противпожарната единица.

Пожарот кај Пепелиште има зафатено површина од околу 300 хектари и се очекува да пристигне и хеликоптер за помош при гаснењето.