Фото: Горан Анастасовски

До петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Утре попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи.

Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе бидат во интервал од пет до 14, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.