фото: Фејсбук-страна на градоначалникот Митко Јанчев

Возило и гаража биле запалени доцна синоќа во Кавадарци, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи.

Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари.

За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Оштетено е едно возило ,,голф” четири, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната. Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа – нагласуваат од кабинетот на градоначалникот.