Илустрација / Фото: Игор Бансколиев

Денеска, околу 00.40 часот, во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н. (30) од Велес, излетало од коловозот.

„Во несреќата од добиените повреди С.Н. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош“, велат од МВР.

Тешки телесни повреди добила Б. П. (19) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.