Фото: Илустрација/Скриншот

Еден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје утринава околу 7 часот излизгал од шините на станицата „Кадина Река“, меѓу Велес и Скопје. При инцидентот нема повредени патници, изјавија за МИА од „ЖРСМ – Транспорт“.

– Повредени патници нема. Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени во Скопје – велат од „ЖРСМ – Траснпорт“.

Сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје во моментов е во прекин.