Илустрација / Фото: Пиксабеј

Едно лице загина утрово во тешка сообраќајна несреќа што се случила меѓу автомобил и камион близу Битола, кај местото викано Кукречанска раскрсница.

Од СВР Битола потврдија дека сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Ресен е во прекин.

Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за сообраќајната несреќа.