Фото: МИА/Aрхива

Денешното рочиште на судењето за „Беса транс“ се одложи поради отсуство на претставник на Царинската управа како сведок предложен од страна на Јавното обвинителство.

Следното рочиште е закажано на 1 мај.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

Според обвинителниот акт, обвинетиот 41-годишник, Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

Со оваа туристичка агенција патуваа 45-те македонски државјани, кои враќајќи се од Истанбул загинаа во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија, во ноември 2021 година.