Фото: Архива

Автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.А.(32) од Скопје, ноќеска во 30 минути по полноќ удрил во запрено службено полициско возило на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, информира МВР.

Според полицијата, возилото потоа удрило во полициски службеник и во уште едно запрено патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле С.А. и полицискиот службеник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата информира дека бил извршен увид на местото на настанот.