Протест против групата Лев Тахор се одржа во охридското село Ласкочереј и Епрем, пренесува ТВ21.
Некои од жителите на селото каде што беа засолнети членовите на оваа група, бараат нивно заминување од хотелот.
Сопственикот на хотелот во кој е сместена групацијата Лев Тахор вели дека таму се привремено и дека ќе си заминат.
Меѓутоа, жителите не се согласуваат со него и инсистираат групата да си замине веднаш.
Протестот заврши во 19:15 часот и беше договорено утре да се сретнат селското раководство и сопственикот на хотелот за да донесат конечна одлука.