Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, по претходно обезбедени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, а во врска со сомнение за кривично дело по чл. 215 од КЗ на РСМ, денеска извршија претрес кај Л.Ѓ. (40) во Скопје.

При претресот, информираа од МВР, пронајдена е марихуана и дигитална вага. Лицето е лишено од слобода и по наредба од јавен обвинител задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.