Фото: ЦУК

Нов пожар изби во близината на Свети Николе, а постои опасност да зафати викендици и куќи, информираа од ЦУК.
Пожар изби и во близината на Дојран кон Николиќ. Таму е упатен големиот хеликоптер на МВР со ведро од три тона.
Трет силен пожар изби кај селото Сопотница, демирхисарско. Поради опасност пожарот да навлезе во високо квалитетна шума, објаснуваат од ЦУК, упатен е Ер трактор на Дирекцијата и заштита и спасување.

До 15.50 часот, има 14 пожари на отворен простор, од кои активни се девет, информираат од ЦУК.

-Општина Прилеп , Улица Борка Стеваноски, 8, (ниска вегетација)

– Општина Прилеп, село Канатларци, Прилеп(ниска вегетација)

-Општина Гази Баба, с.Страчинци-с.Брњарци (шума, трева и грмушки)

-Општина Свети Николе , кривчева река Св.Николе (ниска Вегетација)

–Општина Дојран, близина на Хотел Дан Дар (ниска вегетација)

-Општина Битола, бал Бања во близина на Раштанец(ниска шума , трева и грмушки)

-Општина Арачиново , с.Орланци над џамијата (шума)

-Општина Демир Хисар ,с.Сопотница (сува трева)

-Општина Велес, с.Отовица (ниска вегетација)

Изгаснати пожари 5:

-Општина Штип, с. Драгоево

– Општина Куманово, место викано Павлешевска чешма(Стрниште)

– Општина Карбинци, близина на ливница с.Карбинци (стрниште и сува трева)

– Општина Охрид с.Н.Село (гори пилана)

– Општина Охрид с,Буково (Депонија)