Полицијата пронајде дрога и ладно оружје при акциска контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Тетово, при што беа приведени четири лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Акцијата била спроведена во текот на ноќта меѓу 17 и 18 јули, во периодот од 23.30 до 02.00 часот. При контрола на еден угостителски објект во Тетово, на задниот дел од објектот биле пронајдени две кеси со бела прашкаста материја, за која ќе се утврдува дали станува збор за наркотична дрога.
Во рамки на контролите бил приведен и А.А. (23) од селото Ново Село поради омаловажување на полициски службеници, додека кај Е.Р. (29) од Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј. (59) од Голема Речица биле пронајдени ножеви.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.


































