Починато момче синоќа било пронајдено во влез на станбена зграда на подрачјето на Центар.
Како што се наведува во денешниот МВР билтен, случајот синоќа во 22:25 часот бил пријавен во СВР Скопје. Според пријавата, починатиот е И.С. (22) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.