Фото: Илустрација

Во битолската полиција, вчера, во 14 часот, било пријавено дека патнички воз, кој сообраќал на релација Битола – Скопје, на потегот помеѓу стојалиштето „Браилово“ и стојалиштето „Слепче“, удрил во едно лице што лежело на пругата.

Лицето починало на местото на несреќата, а по извршениот увид, било констатирано дека станува збор за М.Д.(44) од Република Албанија.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.