Четири возила се опожарени рано изутрината во 3.20 часот на улица „Петре Пирузе“ во Скопје.

МВР информира дека пожарот настанал во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш. Од пожарот биле зафатени и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53).

Причната за пожарот засега не е позната. Во тек е увид и се работи на расчистување на случајот.

Како што објавија дел од медиумите, меѓу опожарените возила е и автомобил на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.