Фото: МИА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција на Преспа форумот за дијалог во врска со убиството на македонскиот државјанин во Приштина и за тоа дали има подетални информации, кусо одговори дека институциите на Македонија се во контакт со косовските и оти се очекуваат повеќе информации од надлежните за случајот.

– Нашите институции комуницираа со косовските власти и го потврдија тој податок којшто беше објавен во јавноста за наш граѓанин којшто е застрелан во Косово, но се разбира повеќе детали ќе обезбедат останатите институции. Ние како МНР го направивме првиот контакт, и ја потврдивме веста – одговори кусо Османи.

Македонски државјанин е убиен синоќа во Приштина, во престрелка што наликува на пресметка на криминални банди, јави претходно денеска дописникот на МИА од Приштина.

Според денешното соопштение на косовската полиција, убиениот бил пронајден во возило со македонски регистерски таблички, а на околу еден километар од местото на инцидентот е пронајдено запалено возило со германски таблички, кое се пртетпоставува дека е користено за убиството.

– Засега непознати сторители пукале со огнено оружје врз жртвата, маж, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежни полициски единици излегоа на местото на настанот, каде што забележаа дека во возило со македонски регистерски таблички се наоѓа едно лице, а надлежен лекар констатира дека лицето нема знаци на живот. Околу еден километар од местото на настанот е пронајдено запалено возило со германски таблички, за кое постои сомневање дека осомничените побегнале од местото на настанот – се вели во соопштението.

Портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети синоќа изјави за медиумите дека во запаленото возило се пронајдени и две автоматски пушки „калашников“, со кои се претпоставува дека е извршено убиството на македонскиот државјанин.

Државјанинот на Македонија, кој синоќа бил убиен во Приштина е идентификуван од неколку косовски медуми како. Според порталот „Инсајдери“, кој објави и фотографија на жртвата, таа им била од порано позната на органите на правдата и полицијата поради неговата вмешаност во трговијата со дрога.