Илустрација / Фото: МИА

На електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, било пријавено во МВР, денеска во 10 часот.

Како што потврдија од МВР за МИА, веднаш по добиените пријави, полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат и мерки за расчистување на случаите.