Фото: Емил Јовановиќ

Оштетен е дел од таблата на која е испишано името на ново отворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Околу 12 часот и 45 минути во СВР Охрид пријавено е оштетување на дел од таблата поставен над просторијата во која е сместен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“. Екипи на СВР Охрид во моментот вршат увид на местото на настанот и се работи на расветлување на случајот – изјави Димоски за МИА.

Фото: Емил Јовановиќ
Фото: Емил Јовановиќ
Фото: Емил ЈовановиЌ

Таблата била оштетена со тврд, остар предмет.

Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен пред пет дена, а на денот на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица, а поддржан од ВМРО – ДПМНЕ. Револтираните граѓани го изразија своето незадоволство против, според дел од нив, името на клубот.

Претседателот на здружението „Цар Борис Трети“ Томе Блажевски, тогаш изјави дека Здружението било отворено пред една година запазувајќи ги сите законски процедури во државата.