Најкористена апликација кај светската популација е социјалната мрежа Тикток, со повеќе од милијарда корисници, па токму затоа се најде на удар на сајбер-криминалцитеa / Фото: Игор Бансколиев

Сите што ја користат интерактивната мрежа Тикток знаат како функционира таа. На неа има строго „следбеници“ што не објавуваат ништо, туку, базирано на нивниот вкус и интерес, следат разни лица што објавуваат видеа што се совпаѓаат со таквите референци. Од друга страна, пак, има луѓе „објавувачи“ што речиси секојдневно смислуваат нови идеи за креативни видеа, за да ги задржат своите следбеници, да ги
анимираат, да бидат копирани од другите, но и да добијат нови следбеници. Мрежата веќе одамна е исклучително популарна меѓу граѓаните од сите генерации, па затоа сајбер-криминалците сѐ почесто наоѓаат начини (апликации) за да остварат противправна корист

Не симнувајте непроверени апликации на мобилниот телефон, може скапо да ве чини

Времето што измина покажа дека дефинитивно најкористена апликација кај светската популација е социјалната мрежа Тикток, која има повеќе од една милијарда корисници. Оваа апликација најчесто ја користат младите, меѓутоа сѐ позачестени корисници се и постарите, па и пензионерите. За жал, се потврдува старото правило дека сѐ што е убаво мора да има и некаков недостаток, а на оваа социјална мрежа се покажа дека демнат голем број замки. Низ годините, сопствениците на мрежата беа обвинувани и судски загубија голем број спорови, во кои беше докажано дека се крадат лични податоци, дека се злоупотребуваат малолетници, но и се обелоденија многу други непосакувани ситуации. Сепак, последниот случај остави во шок многумина.

„НЕВИДЛИВ“ ПРЕДИЗВИК

Сите што ја користат оваа интерактивна мрежа знаат како функционира таа. На неа има строго „следбеници“ што не објавуваат ништо, туку, базирано на нивниот вкус и интерес, следат разни лица што објавуваат видеа што се совпаѓаат со таквите референци. Од друга страна, пак, има луѓе „објавувачи“ што речиси секојдневно смислуваат нови идеи за креативни видеа за да ги задржат своите следбеници, да ги анимираат, да бидат копирани од другите, но и да добијат нови следбеници. За таа цел се користат голем број филтри, кои им ги менуваат личните описи на актерите во видеата, до филтри на кои се појавуваат духови и многу други работи.
Неодамна, следбениците на Тикток беа бомбардирани од најновиот „невидлив“ предизвик. На овој предизвик, оној што ги снима видеото е целосно гол, меѓутоа користи филтер што, наместо да го прикаже неговото голо тело, прикажува само заматена контурна слика.
Иако првично се поставува прашањето зошто воопшто некој би ризикувал да се снима гол и за да го скрие тоа би користел филтер, сепак проблемот одеднаш станува сериозен. Токму тука се појавуваат сајбер-криминалците, кои, за да ги украдат личните податоци на корисниците, објавуваат дека постои апликација, со чие симнување на телефоните сите што го прифатиле предизвикот „Невидливо голо тело“ ќе можат да ги видат навистина голи. Оваа ознака има повеќе од 30 милиони прегледи на Тикток.
Сајбер-криминалците воопшто не губат време, па, така, користејќи ги желните за вакви глетки, успешно влегуваат во нивните телефони и крадат секакви информации, почнувајќи од бројот на сметки, пасвордите и другите вредни информации.
– Набргу откако „Невидливиот предизвик“ почна да добива сѐ поголема популарност, злобниците почнаа да објавуваат видеа на Тикток со линкови до лажниот софтвер за „отфилтрирање“, кој тврди дека го отстранува невидливиот филтер и го прикажува голиот креатор на видеото – се вели во истражувањето направено од сајбер-експертите Гај Нашон и Тал Фолкман, кои истражувањето го направиле за сајтот за сајбер-безбедност „Чекмаркс“.
Откако ќе се приклучат на серверот „Дискорд спејс анфилтер“, корисниците добиваат приватна порака со насоки за понатамошно дејствување, а со кои криминалците влегуваат во приватните информации на корисниците.
Повеќе од 30 илјади члена се приклучиле до софтверот што ветува откривање на голите тела.

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ ФАТАТ

Откако корисниците го пуштиле малициозниот софтвер во своите уреди, сајбер-криминалците добивале пристап до сите информации и лични податоци, како и фотографии, со кои потоа лесно ги уценувале корисниците или, пак, ги користеле нивните информации за други криминални активности.
Откако некои од корисниците добро „се изгореле“ поради желбата да видат нечие голо тело и го пријавиле тоа до надлежните, криминалците само додавале нови вакви наводни софтвери за да злоупотребат што е можно повеќе корисници.
– Се чини дека овој напад е во тек и секогаш кога безбедносниот тим ги брише нивните пакети, тие брзо импровизираат и создаваат нов идентитет или едноставно користат друго име – напишаа истражувачите.
Овој напад е само најнов пример за криминалци што ја следат базата на корисници и си обезбедуваат лесен пристап до информации, како и лесна заработка на пари, а според сајбер-експертите, со оглед на корисничката база на Тикток, овој тип на активност „воопшто не е шокантен“.
– Корисниците треба да знаат дека не смеат да им дозволуваат на недоверливи апликации од трети страни пристап до своите уреди, треба да се потпираат на оние што ги имаат официјално во своите уреди – велат истражувачите.

[email protected]