Полициски службеници од СВР Скопје вчера привеле 50-годишен скопјанец на подрачјето на Општина Аеродром.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени 41 саксија со насади од канабис, како и прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори и опрема за одгледување растенија.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



































