Илустрација / Фото: Пиксабеј

Седумдесет и шестгодишен возач од Крушево загинал кога патнички воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во неговото возило „Поло“ во близина на железничката станица во Прилеп. Несреќата била пријавена утрово околу 4 часот во СВР Битола.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на железнички премин на улица „Трајко Николоски“ со улица „Леце Котески“ во Прилеп, каде што возот удрил во патничко моторно возило „Поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (76) од Крушево, кој починал на самото место.

– Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп – информира МВР во дневниот билтен.