Помеѓу 27 и 30 јуни, полициите од Франција, Белгија, Шпанија, Хрватска, Италија, Полска и од Словенија спроведоа координирана акција против употребата на забранети супстанции на велосипедските трки. Врз основа на барање на француските власти, данската полиција извршила претреси во еден од хотелите на „Тур де Франс“ во Копенхаген. Меѓународната активност била координирана од Европол и од Европравда.
Акцијата била мотивирана за испитување на можните наводи за допинг на велосипедски тим што учествува на „Тур де Франс“.
Биле пребарани вкупно 14 локации во шест земји, истрагата е во тек, а одземените докази се вештачат.
Познатата велосипедска трка „Тур де Франс“ ќе трае до 24 јули. Најдобрите светски велосипедисти во најпрестижната трка ќе возат 21 етапа и ќе поминат нешто повеќе од 3.300 километри.