Во текот на претпладневните часови регистриран е пожар помеѓу селата Јагол и Жубрино, Кичевско. По интервенцијата на екипа на ТППЕ Кичево пожарот е изгаснат а при оваа операција нема повредени лица.

– Денес околу 10 и 15 часот лице од село Јагол пријавило дека на просторот помеѓу неговото село и село Жубрино избувнал пожар на дива депонија. На пожарот интервенирала екипа на ТППЕ Кичево, при што пожарот е целосно изгаснат а при самата интервенција нема нема повреден лица – информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Во кичевскиот регион бројот на пожари засега е под повеќегодишниот просек, иако овој регион важи за еден од најшумовитите во земјава.
З.А.