Фото: ЦУК

Голем пожар попладнево изби во атарот на село Руѓенце, Општина Старо Нагоричане, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Ненадејноот силен ветер брзо го раширил пожарот поради што е изгубена почетната контрола врз него.

-Побарав прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, но ме известија дека не се очекува дожд во тој регион. Поради загрозувањето на куќи и викендици и брзото ширење на пожарот поради силниот ветер, ангажиран е еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување – вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.