Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека утрово имало дојави за поставени експлозивни направи во девет училишта и во Народна банка според истиот модус кој е дел од т.н. хибридна војна што се води, не само кај нас.

– Ова е класичен пример на хибридни закани. За среќа што тоа се напади што доаѓаат по електронски пат, односно дојави и што безбедноста апсолутно не се нарушува, посебно да земеме предвид дека Народна банка е 24-часовно обезбедена – изјави Спасовски, по денешната посета и средби во СВР – Струмица.

Дециден е дека се преземаат максимално мерки, со нашите стратешки партнери, како што рече, со цел да обезбедиме доказ за било каков аспект.

– Загриженоста е голема, меѓутоа и целта на ваквите хибридни напади е токму тоа. Да се воспостави немир кај граѓаните, да има несигурност, да се влијае на институциите, да се трошат безбедносните служби во државата. Ефикасно се работи од страна на полицијата и ссите служби што се вклучени во тој дел. Имаме брзи проверки што ги имаме или напатствија веќе не само во училиштата и во другите институции како се постапува во таков случај – појасни Спасовски.

Напоменувајќи дека веќе во многу земји се променети протоколите во кои степенот на реалноста на заканата се утврдува пред да се преземаат мерки, министерот Спасовски информира дека веќе е разговарано со Националниот комитет за борба против тероризмот и насилен екстремизам и очекува да се преземат активности со кои ќе се сменат протоколите.

– Но, сега се такви протоколите и ќе мора да се почитуваат. Треба да бидеме сите апсолутно претпазливи, посебно менаџерите на институциите во делот на обезбедувањетго, но проверките мора да се реализираат – порача Спасовски.

Во СВР Скопје утрово околу 9.45 часот било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – информираа денеска од МВР.

И од Народна банка, исто така, денеска, околу 10.10 часот било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа.

Од МВР нагласуваат дека веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Да се стави крај на криминалот и корупцијата, порача Спасовски, кој ги поддржува ставовите на амбасадорката Агелер

Мора час поскоро секој од нас да направи максимум со своето делување да се стави крајот на криминалот и на корупцијата во државата од секој можен аспект. Да се створи систем што ефикасно и брзо ќе одговори.

Ова е пораката од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатена од Струмица, каде новинарите побараа одговор од него за критиките упатени од американската амбасадорка Анџела Агелер во однос на корупцијата во земјава и фактот што САД испраќаат тим за санкции во Македонија.

Секој од нас треба да има загриженост за тоа што практично ни се случува во државата, истакна Спасовски и додаде дека ги поддржува апсолутно сето она што беше изнесено од страна на амбасадорката на САД, но и од други релевантни фактори.

– Ние како МВР апсолутно стоиме на рапсолагање во секој поглед да ги поддржиме сите овие активности. Тоа практично е приоритет и на Владата и тој приоритет мора до крај да биде реалзиран и во секоја пора од македнското општество да се навлезе, да се реализира и секој еден што навистина се занимава со криминал од било каков тип да сноси сериозна одговорност – изјави министерот Спасовски денеска по посетата и средбите во СВР Струмица.