Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението од МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа биле извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено било дека станува збор за лажни пријави.

Дојави за поставени експлозивни направи изутринава пристигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје.

– Денеска (14.12.2022) околу 8.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – информишре МВР утрово.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта на почетокот на неделава имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.