Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи синоќа на патот Крупиште-Пробиштип. Од нив тројца се здобиле со потешки пореди.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила синоќа во 20:50 часот меѓу автомобил „Голф“ и два мотоцикли. Во несреќата тешко повредени се возачот и сопатникот на мотоциклот марка „Сузуки“, а исто така и на мотоциклот „Јамаха“. 

Двајцата тешко повредени од мотоциклот „Сузуки“ на возраст од 28 и 24 години од Штип со возило на Итната медицинска помош поради сериозноста на повредите се директно транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје, а додека возачот на мотоциклот „Јамаха“ е задржан на лекување во Штипската клиничка болница. Со полесни повреди се здобил и возачот на возилото „Голф“.

Двата мотоцикла кои учествувале во несреќата се без регистарски таблички. Во текот на денот СВР Штип ќе излезе со повеќе детали за тешката сообраќајна несреќа.