Граничната полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен Холанѓанец кој на граничниот премин „Богородица“ сакал да мине со фалсификувана бугарска возачка дозвола.

Како што информираат од МВР, на 29 јуни на граничниот премин Холанѓанецот допатувал со автомобил „фолксваген туран“ со грчки регистарски ознаки и на увид дал бугарска возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана.

Пријавениот бил приведен за понатамошна постапка поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.