Во локал на улица „11 Октомври“ во Кичево, вчера дошло до физичка пресметка, во која Ф.А.(29) од село Зајас, го нападнал Р.С.(33) од Кичево. Против напаѓачот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид ,Стефан Димоски. З.А.


Два напади од кучиња скитници врз кичевци во еден ден

Во текот на вчерашниот ден, регистрирани се два напади од кучиња скитници врз граѓани на Кичево.

Така, вчера околу 20.30 часот, од куче скитник нападнат е З.З. од село Челопеци, кој настрадал на локалниот пат за село Орланци. Вториот случај е забележан во градот, каде на улица „Маршал Тито“, околу 20 часот настрадал А.Х.(59) од Кичево.

Се прават напори со кастрирање, чипирање и мал дел со евтаназија, за да се стави крај на овој горлив проблем во градот и општината. З.А.