Полицијата поднесе кривична пријава против приватна фирма од Скопје и нејзиниот сопственик поради загрозување на животната средина и природата со отпад.

Со две товарни возила „мерцедес“ во сопственост на фирмата, во атарот на селото Орман,  била исфрлена голема количина на градежен шут и друг вид на отпад.

Од МВР информираат дека фирмата е во сопственост на Н.Р.(49) од Скопје, а настанот се случил минатата година. Со тоа, како што велат од МВР, сопственикот и фирмата довеле до создавање на депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина.