Двајца скопјани синоќа се приведени кај наплатна рампа „Демир Капија“, кои во своите автомобили пренесувале мигранти од Куба.

А.Ш.(26) и С.С.(51), кои управувале „бе-ем-ве“ и „мерцедес“ и превезувале шест лица – мигранти од Куба, кои илегално влегле во државата.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на лицата мигранти им биле издадени решенија за протерување и биле спроведени до граничен премин „Табановце“.