Фото: Игор Бансколиев

Судењето за „Рекет” денеска продолжува со презентација на материјалните докази од страна на Обвинителството за организиран криминал, со што процесот влегува во нова фаза откако заврши со испрашувањето на сведоци од страна на обвинителството.

Ќерката на сопственикот на продавницата за мебел „Зона мебел” Лидија Младеновиќ,  судијката Мери Дика-Георгиевска од Апелацискиот суд Скопје, водителката Лила Стојановска и шефицата на кабинетот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Сања Димовска сведочеа на вчерашното рочиште за „Рекет“.

Во овој предмет претходно сведочеа и поранешните обвинители на СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, како и Јордан Камчев, обвинет во случајот „Империја”.