Двајца мигранти од Авганистан, во вечерните часови на 9 јуни во велешката полиција пријавиле дека две лица ги нападнале и им одзеле пари.

Според пријавеното, додека мигрантите се движеле по автопатот кон Србија, во близина на велешкото село Каласлари, едно од лицата им понудило да ги одвезе до граница за сума од 200 евра и тие прифатиле.

Кога Авганистанците влегле во возилото, дошло уште едено лице и по кратко возење застанале и физички ги нападнале, по што им се заканиле со пиштол и им ги одзеле парите.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.