Во скопската полиција било пријавено дека во попладневните часови на 26 декември настанал пожар на нива во Петровец.

Подоцна, пожарот се проширил во двор на 29-годишник од селото Ржаничино.

Според изјава на очевидци, околу 13:40 часот, 56-годишник од Ржаничино бил забележан како го предизвикува пожарот.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.