Холандски мотоциклист на возраст од 58-години почина вчера во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ниже поле.

Мотоциклистот се судрил со автомобил, со кој управувало 19-годишно лице од Ресен.

Холанѓанецот со тешки телесни повреди бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде починал.

Од МВР велат дека телото на починатиот е дадено на обдукција.