Фото: Принт-скрин

Пожар изби во зеленилото под скопската тврдина Кале, вечерва околу 21.30 часот.

На терен биле испратени две возила од противпожарната бригада, објавија дел од медиумите.

На социјалните мрежи беа споделувани фотографии и видеоснимки од пожарот под тврдината.

Претходно вечерва, американската амбасада во Скопје организираше огномет по повод Денот на независноста, 4 јули.

Според последните информации, пожарот е изгаснат.