Против родителите на малолетник од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава откако тој се обидел да украде накит од минувач на улицата Максим Горки во главниот град.

– На 3 октомври во центарот на Скопје полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што на улицата Максим Горки со употреба на сила се обидел да одземе накит од вратот на Л.Н.(65) од Скопје. Малолетникот бил предаден на родителите, а за настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници. По целосно документирање на случајот против родителите на малолетникот ќе биде поднесена пријава по член 201 од Кривичниот законик, додека против малолетникот ќе биде поднесено известување до Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело – соопшти МВР.